Повеќе од 15 години иновативни решенија за успешен бизнис
Професионални канцелариски, дигитални и софтверски решенија за вашиот бизнис.

За нас
Abix е основан во 2009 година во Скопје, Македонија, како динамична ИТ компанија посветена на развој на софтверски решенија. Со текот на времето, ја проширивме нашата експертиза и со портфолио на хардверски решенија, создавајќи севкупна понуда која одговара на потребите на современиот бизнис.
Нашиот тим е составен од искусни софтверски инженери и специјалисти во различни технологии и платформи. Создаваме иновативни мобилни и веб апликации, веб сајтови, функционални алатки и комплексни корпоративни системи, секогаш со фокус на квалитет, брзина и додавање вредност на крајниот производ.
Одделот за хардвер е авторизиран Златен Canon партнер, нуди напредни канцелариски решенија и професионални печатачки услуги. Обезбедуваме продажба, сервис и изнајмување на современи уреди како што се печатачи со широк формат, скенери, како и софтверски системи за управување со документи (DMS) и контрола на печатењето.
abix бизнис решенија



Нашите достигнувања се признаени со бројни награди и признанија, меѓу кои:
- Во 2012, нашиот извршен директор беше именуван Претприемач на годината, за водењето и растот на abix.
- Од 2013, abix редовно го добива признанието ExcellentSME, потврдувајќи ја довербата и квалитетот на нашите софтверски решенија.
- Во 2014, ја освоивме наградата Mobile Excellence на МАСИТ за нашата маркетинг платформа Promotion in Motion.
- Во 2015, abix беше именуван за Национален Шампион на претприемништвото од страна на Европските бизнис награди, поради успехот, иновациите и етичкиот пристап во бизнисот.
Нашето посветено и професионално работење како авторизиран Canon партнер за брзо време беше препознаено од некои од најреномираните компании и брендови во Македонија: Макпетрол АД Скопје, Комерцијална Банка, Триглав Осигурување, Тикекс, Жикол, Ново Нордиск, Делоите, Фриком, Принт Центар, ПроПоинт, ДХЛ Македонија и многу други.
Нашата цел е да им понудиме комплетно решение на нашите клиенти, како би можеле да се фокусираат на главните точки на нивниот бизнис и нивните соработници. Тоа го постигнуваме со едуциран и искусен кадар, кој ги користи сите напредни функционалности и технологии кои се имплементирани во производите на Canon.
abix e авторизиран златен продажен и сервисен партнер на










